Објавено: Ова се децата убиени во Белград, седум девојчиња и едно машко


Фото: EPA-EFE

 

Осум деца и еден чувар загинаа во престрелката што утрово се случи во основното училиште „Владислав Рибникар“ во Врачар.

Според последните информации, ранети се шест деца и еден наставник, кои во моментов се згрижени во Ургентниот центар и Тиршова.

Според известувањето на полицијата од осумте убиени деца седум се девојчиња. 

Убиени се А.Б., Б.А., С.Н., нивните тела се пронајдени во училишниот хол, а обезбедувањето Д.В.

Во училницата на приземјето, клас VII/2, чиј ученик е осомничениот се убиени А.Д., К.М., М.А., Е.К и А.Ч.

Во Ургентниот центар од ОУ „Владислав Рибникар“ се донесени четири лица: Б.А., на возраст од 13 до 14 години, К.Х., на возраст од 13 до 14 години, Т.С., наставник по историја (1970 година), уште едно машко дете, Н.Н., на возраст од околу 13 години.

Во Тиршова има три повредени деца. Станува збор за В. М. (2010), Ј. Д. (2010) и Н Н девојка.

Според Клиничкиот центар на Србија, нешто по 9 часот пристигнале четворица пациенти и една наставничка родена 1970 година.

„Се работи за прострелна рана. Еден ученик беше донесен во тешка состојба, примен на интензивна нега, се работи за тешка прострелна рана во градниот кош и вратот. Еден ученик се здобил со рани на двете раце и стомакот. Што се однесува до наставничката таа има рани на стомакот и двете раце. Сите се во операциона сала. Еден ученик кој е опериран е во стабилна состојба“, велат од Ургентниот центар за РТС.

Како што се додава, при приемот сите веднаш биле прегледани, направени се рендгенски снимки и скенови.

„Од Тиршова добивме информација дека една ученичка се здобила со прострелна рана во главата и дека била оперирана“, додава докторката.

Во тек е лекување на три лица, двајца ученици и наставник.