Објавено е жирито на јубилејниот ИФФК „Браќа Манаки“


Oрганизаторите на 45. издание на ИФФК „Браќа Манаки“ ги претставија членовите на жирито во различните селекции на фестивалот. Жири на официјална селекција „Камера 300“е во состав: Џон Сил, претседател на жирито, австралијански кинематографер, Ањес Годар, француска кинематограферка Џевахир Шахин, турски кинематографер Биргит Гудјонсдотир, исландска кинематограферка и Владимир Блажевски, македонски режисер и сценарист.

Жири на европска lo-cap програма и документарната програма Куршат Уресин e во состав – претседател на жирито, турски кинематограферЈани Петери Паси, фински кинематографер и Нурија Ролдос, шпанска кинематограферка.

Жири на кратката и студентска програма е Ненси Шрајбер како претседателка на жирито, американска кинематограферка Уна Менгес, британска кинематограферка и Ѓорѓи Клинчаров, македонски кинематографер.

„Еден е Манаки“. Вака гласи слоганот за годинешниот фестивал „Браќа Манаки“ кој ќе се одржи во Битола, а токму ваквиот слоган ја збуни јавноста. Почнува утревечер и се отвора со филмот „Партенобе“ на Паоло Сорентино, а завршува на 27 септември со македонската премиера на филмот „Убиј ги прво децата“ во режија на Димитар Оравчанец.

На социјалните мрежи веќе со денови се редат реакции од граѓани кои забележуваат дека браќата Манаки се двајца, а не само еден, како што вели слоганот.

За да биде уште поинтересно, пак, веднаш под слоганот „Еден е Манаки“ испишан е уште еден слоган: „45 Браќа Манаки“, веројатно сакајќи да се потенцира дека годинава се прославува 45-годишнина од постоењето на фестивалот, но несомнено се добива впечаток дека браќата Манаки биле 45 на број.