Објавени нови „Бомби“ на интернет


Пред неколку часа нови бомби осамнаа на интернет. На анонимен профил под псевдоним „Илија Громовник на социјалната мрежа „Ви-контакт се пуштени четири прислушувани разговори.  Станува збор за четири телефонски разговори насловени како: „Оливер и Гордана координација пред медиуми“, „Кочо и Саше го пљачкаат ЕЛЕМ“, „Фрчко и Алберт Муслиу лажираат ЛУСТРАЦИЈА“, и „БЦ и Дамјан Манчевски со грчката фирма“.

Според објавените разговори се чини дека станува збор за досега необјавени материјали. Ова не е прв случај на интернет од непознати профили и адреси да бидат пуштани прислушувани разговори во кои се функционери од опозицијата или власта.