Објавена снимка од тинејџерот што сакаше да ја убие британската кралица

На интернет се појави снимка на која маж со маска и самострел се заканува дека ќе ја убие британската кралица. Се смета дека тоа е 19-годишник кого на Божиќ полицијата го задржа во дворецот Виндзор. Неговото име е Џасвант Синг Чејл.
Тој ја испратил снимката на пријатели преку Снепчет, половина час пред вооружени полицајци да го уапсат на божиќното утро. Бил на 500 метри од приватните простории на кралицата, внатре во дворецот. Вооружен со самострел, се качил со скала од јаже преку оргадата на дворецот. Кралицата во тоа време доручкувала и била известена за провалата.
„Жал ми е. Жал ми е за она што го направив и што ќе го направам“, вели тој на снимката облечен во блуза со качулка, држи црно оружје и се обраќа во камерата со искривен глас. Лицето му е прекриено со бела маска инспититана од „Војна на ѕвездите“, а неговите зборови упатуваат на славниот серијал. Еве што вели Чејл.
„Жал мие. Жал ми е за она што го направив и она што ќе го направам. Ќе се обидам да ја убијам Елизабета, кралицата на кралското семејство. Ова е одмазда за оние кои загинаа во масакрот во Џалианвал Баг во 1919 година. Ова е одмазда за оние кои се убиени, понижени и дискриминирани поради својата раса. Јас сум индиски Сик, Сит. Моето име беше Џасвант Синг Чејл, сега моето име е Дарт Џонс“.
Напаѓачот неспособен за судење
Во „Војна на ѕвездите“, Ситите се непријатели на витезите џедаи и ѝ служат на мрачната страна на Силата. Масакрот во Џалианвал Баг се случи во индија 1919 година, кога британските колонијални трупи убија помеѓу 380 и 1.000 луѓе кои мирно демонстрираа, а ранија уште 1.200 луѓе.
Чејл е процесуиран во согласност со Законот за ментално здравје откако лекарите го прогласија за неспособен за судење.