Објавена првата долгорочна прогноза за зимата


Фото: Б. Грданоски

 

Метеоролошкиот сервис Severe Weather Europe ја објави првата долгорочна прогноза за зимата. Се фокусираа на моделот ECMWF од Европа.

„Овие прогнози даваат просечна слика во текот на трите метеоролошки зимски месеци (декември, јануари, февруари) и покажуваат општи преовладувачки временски прилики. Дури и моделите да се 100 отсто точни, тоа не значи дека вакви временски услови ќе траат три месеци по ред. Само сугерира како временските обрасци може да изгледаат во поголем дел од периодот“, појаснуваат од SWE.

Моделот ECMWF

Моделот ECMWF често се смета за еден од подоверливите прогностички модели. Но, ниедна долгорочна сезонска прогноза не може да се нарече „сигурна“ бидејќи ги гледаме само трендовите и како временските обрасци може да се одвиваат во подолг временски период, велат од SWE.

Според овој модел, во Европа се очекуваат просечни температури на воздухот на запад, со влијание на блиското подрачје на низок притисок. Потопли аномалии се предвидуваат за деловите над средна Европа, кои се качуваат нагоре накај североисток.

Што се однесува на врнежите, Европа треба да има главно просечна количина врнежи за зимата, со некои сушни периоди на подрачјата на североистокот. Повеќе врнежи се очекуваат околу Средоземјето.

Што се однесува на прогнозите за врнежи од снег, над Европа се бележат подпросечни количини снег. Сликата подолу покажува просечна висина на сбнежната покривка за февруари, кој е последен зимски месец. Се гледа, дека и покрај аномалиите над континентот уште има малку снежна покривка. Значи, дури и ако прогнозата предвидува помалку снег, тоа не значи дека нема да го има.

Прогноза за Европа

Severe Weather Europe објави сиже за прогнозата за Европа. Се очекува дека Европа ќе има повисоки температури од просекот за овој период од годината во поголемиот дел на северното и североисточното подрачје на континентот, како и во централна Европа. Од друга страна, просечни температури се очекуваат над западните предели.

Тоа сугерира дека може да има периоди со повеќе студени фронти и постудени денови на западот на континентот.

Во централна и западна Европа се очекува просечна количина врнежи. Повеќе врнежи ќе има во јужните делови на континентот. Прогнозата за снег, покажува помалку снежни врнежи над Европа, што не е потполно во согласност со прогнозите за врнежи и температури, заклучуваат метеоролозите на SWE.