Објавена листата производи со намалени царини меѓу САД и Кина, ги нема чиповите, електричните возила и батериите


 САД и Кина денеска објавија листи на производи, за кои ќе бидат намалени царините во рамките на договорот, за кој се очекува да ја поттикне билатералната трговија. Намалени се царините за производи во вредност од 30 милијарди долари.

Листите се објавени по минатонеделната средба на американскиот и кинескопт претседател Доналд Трамп и Шји Џинпинг.

На списоците се наоѓаат 1.619 американски артикли што се извезуваат во Кина, меѓу кои се земјоделски производи, јаглен, производи за лична нега до медицинска опрема. Како и 77 кинески производи што ги увезуваат меѓу кои пиротехнички средства, прибор за јадење, стаклени и дрвени лампиони и фудбалски топки.

САД и Кина соопштија дека се согласиле листите да се адаптираат по потреба, но најверојатно промената ќе се врши еднаш годишно. На листите не се чипови, електрични возила и батерии.