Објавена листата на 138 граѓани кои одбиле да примат решенија за самоизолација


 

Државниот санитарен и здравствен инспекторат објави список од 138 државјани на Македонија кои одбиле да ги примат решение за самоизолација.

Во списокот се наведени 104 имиња на лица од Скопје и блиските приградски општини. Станува збор за лица кои не примиле решение за изолација и или за самоизолација. Списокот е објавен денеска во македонските пишани медиуми.

На списокот, освен Скопјани, има 28 граѓани од Штип, од Гостивар се четворица, како и еден од општина Желино. На списокот нема жители од други општини и градови.

Филипче претходно потенцираше дека јавната објава на лица кои не седат во самоизолација е единствено решение за системот да се справи со овие граѓани, со оглед дека тие се огромен ризик ако се асимтоматски носители на вирусот и доколку се движат помеѓу луѓе.

За дел од граѓаните, имаше обид да им се достават решенијата и преку пошта, но неуспешно.