Објавен јавен повик за користење средства од ИПАРД за развој на бизниси


Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој информира дека е објавен јавен повик за доставување на барања за користење средства од Инструментот за претпристапна помош за рурален развој на Европската Унија (ИПАРД) Програмата 2014-2020.

Заинтересирани физички и правни лица треба да ги поднесат барањата до 19 ноември 2019 година.

Финансиската поддршка за диверзификација на фармите и развој на бизниси е составена од 75 проценти средства обезбедени од ИПАРД и 25 отсто од буџетот на Република Северна Македонија.

Финансиски средства по поединечно барање се доделуваат како неповратна финансиска поддршка (грант) во износ од 65 проценти од вредноста на вкупно прифатливите трошоци на инвестициите за мерка „Диверзификација на фармите и развој на бизниси“.

Потребните обрасци за барањето за користење на средства од ИПАРД Програмата 2014-2020“ како и упатство за корисници на средства можете да ги најдете на веб-адресата на Агенцијата: www.ipardpa.gov.mk.