Објавен имотот на Путин: Има два авомобила „волга“, една „лада нива“, камп приколка, стан и 752.000 долари
Централната изборна комисија на Руската Федерација објави изјава за приходи на Владимир Путин, регистриран кандидат на претседателските избори. Весникот „Комерсант“ прв ги објави овие податоци.
Во текот на шест години, од 2018 до 2022 година, Путин заработил 67,5 милиони рубљи (752.000 долари). Ова е плата на претседателот на Руската Федерација, приходи од банкарски депозити, хартии од вредност, како и пензии, вклучително и воени пензии и продажба на имот.
Во декларацијата на Путин, како и во 2018 година, кога минатиот пат се пријави во Централната изборна комисија, се вели дека тој поседува стан од 77 метри во Санкт Петербург и една гаража со површина од 18 метри квадратни на истото место. Исто така, списокот на возила што ги поседува не е променет: два автомобили „волга“, произведени во 1960 и 1965 година, „лада нива“ од 2009 година и популарната камп-приколка „Скиф“ од 1987 година. Путин, како и досега, поседува 230 акции на Банката Санкт Петербург (цената на една акција на Московската берза е 280 рубљи).
Прес-секретарот на изборниот штаб на Владимир Путин, Александра Суворова, за „Комерсант“ изјави дека износот на неговиот приход за шест години се состои првенствено од неговата плата како претседател. Покрај тоа, во 2017 година, тој продал парцела што ја поседувал во московскиот регион. „Износот на заштедите на кандидатот е пропорционален на неговиот приход. Мора да се земе предвид дека функцијата претседател на Руската Федерација претпоставува да се биде на државна поддршка, што ви овозможува да заштедите пари“, рече Суворова.