Обидинети за Македонија барат од Мицкоски да се извини за Бошковски


Денес имавте храброст од името на ДПМНЕ да кажете дека е време да се фатиме за работа и за борба против политичката хајка на неистомислениците, се вели во соопштението на Обидинети за Македонија.

„Кога зборувате за срамен процес и за политичка хајка и не нарекувате комунистичка власт, да ве потсетиме за вашата хајка против Претседателот на Обединети за Македонија, Љубе Бошкоски. Го помните 6 јуни 2011 година, ден по парламентарните избори? Апсењето и пресудата е третирано како политички мотивирано од повеќе домашни и меѓународни релевантни организации, вклучително и во извештај во Стејт Департментот. Дали ги помните јавните изјави на некои таканаречени новинари кои кажаа дека се радуваат што е уапсен? Се смееле и се радувале? Вие немате легитимитет да зборувате и дискутирате за т.н. политички хајки и т.н. монтирани процеси. Вие уште пред неколку години ја докажавте вашата доктрина и спроведени акции против неистомислениците”, се наведува во соопштението на партијата на Бошковски.