Обезбедена нова опрема за следење на ефектите од процесот на чистење на линданот во ОХИС


 

Нова опрема на Лабораторијата за хроматографска анализа на Институтот за хемија во Скопје е обезбедена како донација од Кралството на Норвешка преку имплементиран проект „Нордиска поддршка за напредок на Северна Македонија“ од Канцеларијата за проектни услуги на Обединетите Нации (УНОПС).

Новата опрема ќе послужи за независно следење и контрола на ефектите врз животната средина од процесот на чистење на линданот од ОХИС.

Утре, министерот за животна средина и просторно планирање Насер Нуредини ќе присуствува на промоција на новата опрема, заедно со заменикот на амбасадорот на Кралството Норвешка Геир Јохансен и д-р Марина Стефова од Институтот за хемија.