Обединетите Арапски Емирати во училниците ќе користат роботи со „Чарт Ги-пи-ти“


 

Роботи со вештачка интелигенција наскоро може да почнат да се користат во училниците на Обединетите Арапски Емирати.

Министерот за образование Ахмад Ал Фаласи во текот на конференцијата одржана на образовниот самит Алеф во Мизејот на иднината во Абу Даби најави роботски наставници.

„Посветени сме на усвојување нови технологии и соработуваме со нашите партнери за да развиеме вештачка интелигенција, наставници со GPT и да воведеме еволуција во образовната технологија со цел унапредување на образовниот системна ОАЕ. Како што се забрзува развојот на науката и технологијата во светот, традиционалните методи на подучување се трансформираат во иновативни алати кои внесуваат револуција во училницата низ интерактивно учење и учење на далечина“, вели Ал Фаласи.

Фаласи нагласи дека неговиот тим ќе работи на тоа да осигура користење на технологија со вештачка интелигенција во корист на подобрување на квалитетот на учење и обрзование, а не таа да ги замени наставниците. Исто така, најави соработка со партери како „Мајкрософт“ и „ОпенАИ“.

И додека на просветните работници ширум светот забрането им е користење на генеративните вештачки интелигенции во училниците, Емиратите се подготвени да ја прифатат новата технологија. Властите ги воочиле предностите на вештачката интелигенција во време на корона пандемијата кога образованието се одвиваше преку интернет.