Обама: Одговорот на Трамп на пандемијата е катастрофален


САД- Поранешниот претседател на Соединетите држави, Барак Обама остро ја критикуваше Белата куќа и администрацијата на Доналд Трамп за нивниот одговор на пандемијата од коронавирус, опишувајќи го како хаотичен и катастрофален.

Обама зборуваше за тоа со луѓе кои работеа во Белата куќа во неговата администрација, а неговите критики беа потврдени за Си-Ен-Ен од три лица кои учествувале во тој разговор.

Тој рече дека тоа е уште една причина зошто демократите треба да се соберат во голем број и да го поддржат поранешниот потпретседател Џо Бајден, кој ќе биде противник на Трамп на изборите.

Обама истакна дека коронавирусот само потсетил зошто силното политичко лидерство е важно во кризни ситуации и дека овој повик имал за цел да ги охрабри поранешните функционери да бидат поангажирани околу кампањата на Бајден.

„Изборите пред нас се многу важни затоа што она за што ќе се бориме не е само индивидуа или партија, туку станува збор за борба против себичност, поделба и гледање на другите како непријатели, што за жал стана посилен импулс на американскиот живот“, рече тој. е Обама.

Коментарот за прв пат беше објавен од „Јаху њуз“, кој го доби аудио записот, а портпаролот на Обама одби коментар, но не ги негираше забелешките на поранешниот претседател.