ОАЕ: Саботирани се четири комерцијални бродови


Во близина на територијалните води на Обединети Арапски Емирати четири комерцијални бродови биле мета на саботажа, соопшти денеска Министерството за надворешни работи на ОАЕ.

Во соопштението се посочува дека во инцидентот нема жртви.

Претходно, Владата на Фуџејра, членка на федерацијата ОАЕ ги демантираше медиумите, кои објавија за експлозии во пристаништето Фуџејра.

Иранската телевизија Прес повикувајќи се на либанска телевизија објави дека седум нафтени танкери се нападнати во пристаништето Фуџејра.