О2 Иницијативата му покажа на Мицкоски колку воздухот во Скопје „не е аламантен“!

Вчера, премиерот Христијан Мицкоски, ја убедуваше јавноста дека воздухот во Скопје не е алармантно загаден, деновиве, кога двете депонии Вардариште и „Дрисла“ горат, а ветрот го носи чадот над Скопје.
„Нема зголемени такви параметри кои што се алармантни. Тоа е визуелно така, но кога се испитувани параметрите не се така алармантни“, рече Мицкоски.
Но, од Иницијативата О2 му покажаа неколку табели со состојбата на воздухот во Скопје, во текот на вчерашниот ден.

Скоро 30° надвор, ама воздухов е ко да сме во грејна сезона. Аеродром црвен. Месецов е со големи пикови особено во тој дел од градов.

Важно премиерот вели дека немало зголемено такви параметри кои се алармантни, само визуелно така делувало. Хммм, 151 μg/m3 измерени во Лисиче за PM2.5 да не ти било алармантно, само 10 пати повеќе од препорачаното.
А што се надишавме и уште дишеме најтоксични и виоско канцерогени соединенија деновиве од запален отпад, бивши, сегашни депонии, тоа ништо, тоа не се смета, зошто тие ПАРАМЕТРИ и НЕ СЕ МЕРАТ кај нас.

Го повикаа премиерот јавно да каже:
Кои параметри покажуваат дека нема „аларм“ за воздухов кој го дишеме деновиве од запалени депонии и отпад?
Зошто канцерогените и токсични фурани, диоксини, PAHs, VOC, тешки метали и други опасни материи воопшто не се мерат кај нас, а ги изнадишавме.
Дали ако не се мерат – значи не постојат?
Што точно е измерено, со која методологија и кога?
Научните докази јасно велат: тлеење на стара депонија и горење отпад во урбано подрачје е сериозна закана по здравјето.
Бараат итна и експертска акција, а не релативизирање и негирање на штетните последици по нашето здравје.
Денеска пак, Мицкоски вели дека заедно со министерот за транспорт и врски, Александар Николоски се во преговори со општествено одговорни градежни компании да се расчисти Вардариште и ЈП „Дрисла“, како и со исто одговорни компании да се изведат градежни работи за трајно да се реши проблемот.
Секој ден од 18 до 19 часот повеќе жители на Ново Лисие и Аеродром бараат од властите да го решат проблемот со Вардариште, но и со „Дрисла.
За попладнево, повторно е закажан протест, односно блокада на крстосницата пред мостот „Киро Глигоров“, во близина на паркот „Авионче“.