„Нвидија“ сака да ја преземе АРМ


Јапонскиот конгломерат „Софтбенк (Softbank) ја понуди на продажба британската компанија АРМ, која се занимава со дизајн на чипови. Веднаш потоа, се појавија информации за компании заинтересирани за евентуално преземање на АРМ.

Во извештајот објавен од Блумберг се споменува Нвидија“ (Nvidia) како една од главните заинтересирани компании, додека компанијата со седиште во Купертино, наводно, не покажала интерес за преземање на АРМ.

Веста за Нвидијаможе да се поврзе и со фактот дека Vision Fund (најголемиот фонд за вложување капитал во светот) беше еден од најголемите инвеститори во Нвидија, но тие го продадоа својот удел на почетокот на минатата година за 3,6 милијарди американски долари.

Портпаролите на АРМ и Нвидија дадоа многу сличен коментар на оваа вест, нагласувајќи дека не сакааагт да ги коментираат шпекулациите како оваа.