Нурмагомедов: Имам голема желба следната борба да биде во Русија пред 75 .000 илјади публика

Рускиот ултимејт фајт борец, Хабиб Нурмагомедов, има голема желба неговата следна борба да биде во неговата Русија, а веќе има и свој омилен стадион на кој би се одржал спектаклот.

Хабиб посакува против Тони Фергусон да се бори во Санкт Петербург. Таму има покриен стадион, кој собра 75.000 навивачи.

„Во Москва нема покриен стадион, би можеле да се бориме во Санкт Петербург. Таму стадионот може да собере 75 илјади публика, за помалку од тоа не треба да размислуваме“ – рече големиот шампион во лесна категорија.