Нуредини во Желино каде ќе се гради секундарна водоводна мрежа


Министерот за животна средина и просторно планирање Насер Нуредини и директорот на Управата за животна средина при МЖСПП Хисен Џемаили ја посетија локацијата во општина Желино каде почнува изградба на секундарната водоводна мрежа со разделни шахти за приклучување на потрошувачи за населеното место Мерово.

Како што соопшти МЖСПП, вкупната вредност на проектот изнесува 5.637.230 денари, од кои пет милиони денари се обезбедени од МЖСПП преку Програмата за управување со води за 2022 година.

-Овој проект е дел од проектот кој треба да се дореализира со програмата за 2023 година и ќе овозможи пристап до чиста вода за домаќинствата на уште едно населено место во Полог, соопшти Министерството за животна средина и просторно планирање.