Нуредини: Вложениот труд дава резултати – усвоен Законот за заем за финасирање на регионалниот проект за цврст отпад


На денешната 73. седница на Собранието усвоен е Предлог законот за задолжување на Република Северна Македонија со заем кај Европската банка за обнова и развој по Договорот за заем за финансирање на Регионалниот проект за цврст отпад.

-Со изгласувањето на овој Закон ќе се пристапи кон потпишување на Договор со Европската банка за обнова и развој со што ќе може да отпочне долгоочекуваната имплементација на Регионалниот проект за цврст отпад и за прв пат од осамостојувањето ќе се вложи во градење на инфрастуктура за управување со отпад по европски  стандради. Обезбедените средства се планирани за воспоставување и развој на регионален систем за управување со отпад во Југоисточен, Вардарски, Пелагониски, Југозападен и Полошки регион, а вкупниот износ на заемот кој ќе го додели ЕБОР изнесува 55 милиони евра, вели министерот за животна средина и просторно планирање Насер Нуредини.

Тој додава дека во рамките на рализацијата на проектот предвидена е изградба на алтернативен пат за сите регионални санитарни депонии.

-Очекуваме поради исклучителната важност на проектот за регионот, одобрување на дополнителни грант средства од европски фондови преку Рамката за инвестиции за Западен Балкан (WBIF), а  исто така, со завршувањето на првата фаза со имплементација на брзите мерки во Русино исполнет е предусловот за дополнителни девет милиони швајцарски франци грант од Швајцарија влада, вели министерот Нуредини.