Нуредини: Греењето, индустријата и старите автомобили главни причини за загаденост во воздухот

Фото: Б. Грданоски

Греењето во објектите и домовите, индустријата и постарите автомобили се главните причини за загаденост во воздухот, смета министерот за животна средина и просторно планирање Насер Нуредини.

Тој во „10 минути“ на ТВ21 вели дека помеѓу 16 и 17 попладне, и до 22, 23 и 24 во текот на ноќта драматично се зголемува загадувањето на воздухот.

-Причината за ова е што граѓаните се враќаат дома и го вклучуваат греењето, но тоа не се само домовите на луѓето, туку и други објекти во државата, а потоа имаме и воздушен притисок. Значи, една од причините, за жал, е греењето во нашите објекти и домови. Друга причина дефинитивно е индустријата што треба да се контролира, и можеби треба да има поригорозни контроли во иднина, посочи Нуредини.

Министерот додава дека како трет главен загадувач на воздухот се и постарите автомобили.