Нула комуналии за изградба на куќа за млади брачни парови во Гази Баба, ветува Стефковски


Нула комуналии за изградба на куќа за млади брачни парови до 29 години е првиот проект кој ќе биде дел од изборната програма за вториот мандат на градоначалникот на општина Гази Баба, Бобан Стефковски и кандидат на ВМРО-ДПМНЕ за втор мандат во оваа општина.

– Оваа мерка е од суштинско значење за младите да останат тука, да создадат семејство, да изградат свој дом и да си ја креираат иднината тука во нашата Гази Баба. Со оваа одлука не само што им даваме конкретна поддршка, туку и јасно покажуваме дека младите се во срцето на нашите политики и визија – изјави градоначалникот Стефковски.