НУ Завод и музеј Битола претстави тактилна изложба во Књажевац, Србија


Националната установа Завод и Музеј-Битола претстави тактилна изложба во Роднокрајниот Музеј-Књажевац, а во наредниот период тактилната иложба ќе гостува во повќе е градови во Србија.

Изложбата содржи 20 панели на кои се претставени експонати од колекцијата на битолскиот музеј, фотографија и текст, а за слепите и слабовидните лица изработени се тактилни слики и текстови на браево писмо на српски јазик.

-Оваа изложба има одличен пристап за слепите лица бидејки им дава сензорно искуство во интерпретацијата на културното наследство, односно преку допир тие ги доживуваат експонатите. На панелите се поставени и кодови преку кои се пристапува и до аудио интерпретација за експонатите и видеа со презентација на знаковен јазик. Изложбата предизвика големо внимание кај лицата со попреченост, изјави за МИА раководителот на проектот д-р Ирена Ружин, од НУ Завод и музеј-Битола, која заедно со м-р Јове Парговски, еден од авторите на тактилните слики и стручен соработник за дигитализација на културното наслество, учествуваа на свеченото отворање на тактилната изложба во Књажевац.

Изложбата е резултат на повекегодишната соработка на двата музеја посебно во делот на зголемување на пристапноста на музеите за лицата со попреченост.

Изложбата е поддржана од македонското Министерство за култура.