„Ну погоди“ – симфониски концерт за деца со видео анимација на Филхармонија


Во Филхармонија в сабота ќе се одржи „Ну погоди“, симфониски концерт за деца со видео анимација.

Според најавата од Филхармонија, на музичката агенда е музика од култните стари цртани филмови „Ну Погоди“, „Балтазар“, „Козле Бозле“, „Мечето Ушко“, „Пинк Пантер“.

Оркестарот веќе ги свиреше темите од овие цртани, во кои музиката се’ уште се смета за репер за супериорна звучна илистрација во анимираниот филм.

Диригент на концертот е Џијан Емин, а аниматорот е Мартин Јорданоски.