НУ Центар за култура-Битола доби пари од Министерството за културни проекти, реновирањето сами ќе го финансираат


Националната установа Центар за култура-Битола информира дека Министерството за култура ги поддржа годинешните проекти и инвестиции со што е овозможено непречено и креативно работење на установата.

Според директорката на битолскиот Центар за култура, Маја Андоновска Илијевски, поддршката од Министерството за култура е сестрана и во повеќе области од надлежност на установата која изработи проекти од локален и национален интерес.

-Од областа на драмската дејност, со 600.000 денари поддржан е Фестивалот на монодрама, од областа на музичката и музичката сценска дејност поддржани се неколку проекти, односно Новогодишниот концерт со 250.000 денари, гостувањето на балетот „Госпоѓиците од Авињон“ со 50.000 денари, концерт на Симфонискиот оркестар на НУ Филхармонија со 50.000 денари, за Фестивалот на музика од светот обезбедени се 850.000 денари, а за концертна промоција на албумот „Нова ера” на Николче Мицевски доделени се 200.000 денари, изјави Андоновска Илијевски.

Министерството за култура го поддржа традиционалниот концерт „Засекогаш во срцата“ со 350.000 денари, а поддржано е издавање на носач на звук на КУД „Стив Наумов“-Битола, кој е насловен како „Јас и Битола“ со 120.000 денари.

-Безрезерна поддршка од Министерството за култура добивме за организација и реализација на 52. издание на интернационалниот фестивал на народни игри и песни „Илинденски денови“ за што се обезбедени 2,2 милиони денари, за Семинарот за традиционална музика и игра кој годинава ќе се одржи по 14 пат доделени се 300.000 денари, а поддржани се и шест изложби и тоа „Интеграли“ на Илија Маџаров со 60.000 денари, Државна изложба на детски ликовни творби „Народната култура како трајна инспирација во моето творештво“ со 70.000 денари, традиционалната ликовна работилница за деца со 60.000 денари, фото конкурс и изложба на уметничка фотографија со 40.000 денари, проектот „Видна мистерија“ на Љубе Алексовски со 50.000 и Македонска резба на Веселин Поповски со 40.000 денари, истакна Андоновска Илијевски.

НУ Центар за култура-Битола годинава доби и средства за инвестициско одржување, односно за поставување подни плочки во т.н. горно фоаје.

-За реазлиација на овој зафат, односно замена на дотраен под и негово естетско преуредување обезбдена е поддршка од 200.000 денари истакна директорката на НУ Центар за култура-Битола, Маја Андоновска Илијевски и најави дека во текот на 2022 година Националната установа Центар за култура ќе организира и дополнителни програмски активности за што ќе бидат користени средства од сопствени извори, како и друга поддршка од јавниот и бизнис секторот во градот.