НСДП: Предвремени избори, ама најрано во јуни


НСДП, која е дел од владејачката коалиција, смета дека на земјава не ѝ се потребни брзи парламентарни избори, туку дека, ако се оди на вонредни избори, тоа не би требало да биде пред јуни следната година.

-Ако лидерите на најголемите политички партии денеска се одлучат за одржување предвремени парламентарни избори, НСДП смета дека терминот за истите би требало да биде во јуни наредната година, по завршувањето на мајскиот самит на ЕУ – велат од НСДП.

Во партиското соопштение се посочува дека не смее да се дозволи да се создаваат дополнителни политички тензии да се создаваат со одење на брзи предвремени парламентари избори кои, како што се оценува, може да го нарушат институционалното функционирање на државата во наредните неколку месеци.

-Како што беше соопштено во јавноста, датумот за отпочнување на преговори со Северна Македонија треба да се најде на агендатат на ЕУ на следниот самит во

мај наредната година. Поради ова, НСДП е на ставот дека одржувањето на предвремени парламентарни избори пред овој самит на ЕУ може да ја дефокусира политичката енергија во земјава и да го нарушу институционалното спроведување на започнатите реформи во државата. Вистински момент е најголемите политички партии да покажат созреаност и да ја заживеат политичката пракса во која владата ќе го завршува целиот свој мандат пред повторно да бара доверба од граѓаните на избори – се посочува во партиското соопштение.