НСДП предлага во платите за наставниците да се вклучат и меѓународните тестови на учениците
Платите на наставниците треба да се зголемат, но треба да се гледаат и реалните околности. Понудените 10 отсто од Владата треба да бидат прифатени од СОНК, вели во соопштениет НСДП, една од партиите во владината коалиција.
НСДП има предлог како подобро да се одредуваат платите на наставниците во основното и средното образование. НСДП смета дека Владата како референтна точка да ги вклучи и резултатите кои ученици ги постигнуваат на некој од меѓународните тестови за проценки на образовни достигнувања, како што се ПИСА, ПИРЛС и ТИМСС тестовите. На овој начин, воспоставувајќи методологија на раст на платите втемелена и на објективни мерења на испорачани резултати ќе се зголеми и отпорноста на образованието кон политичките манипулации и инструментализации во делот на тоа што е прифатливо, а што неприфатливо ниво на раст на платите на наставниците.
Стихијното решавање на социјалните проблеми во образованието не претставува суштинско третирање и на проблемот кој со години наназад го разјадува македонското општество, велат од НСДП.