Новозеландските власти збунети од потеклото на вирусот, дошол на пакувања замрзната храна?


 

Надлежните на Нов Зеланд истражуваат дали првите случи со Ковид-19 во повеќе од три месеци се резултат на вирус пристигнат на увезени пакувања замрзната храна, а во земјата се воведени мерки за борба против ширењето на корона вирусот.

Откако беа откриени четворица заразени членоци на едно семејство во Окленд, по 102 дена без вирус во земјата, премиерката Џасинда Ардерд повторно примени стороги ограничувања на движењето во најголемиот град во нов Зеланд и ограничување на патувањата во целата земја.

Два члена од заразеното семејство посетиле туристички места јужно од Окленд, оддалечени три часа овзење, додека имале симптоми, а третиот заминал да работи во финансиска компанија во Окленд, исто така со симптоми.

Повеќе од 200 блиски контакти

Од четирите нови случаи, откриени во средата, два се колеги од работа на човекот кој во вторниот бил позитивен на вирусот, а два се поврзани со домаќинството во кое еден член на заразеното семејство престојувал.

Повеќе од 200 луѓе се идентификувани како блиски или случајни контакти со семејството и здравствените службеници се подготвуваат за тестирање десетици илјади луѓе во наредните денови.

Изворот на епидемијата ги збуни здравствените власти кои велат дека се уверени оти на Нов Зеланд немало локална трансмисија на вирусот 102 дена и дека семејството не патувало во странство.

„Напорно работиме на составување на делчињата од сложувалката за тоа како ова семејство се заразило“, вели првата жена на новозеландското здравство Ешли Блумфилд.

Испитувањата откриле можност за потенцијален увоз на вирусот на замрзната храна.

Блумфилд вели дека во тек е тестирање на површината во разладен погон во Окленд каде работел еден маж од семејството. Заразениот маж е на боледување неколку дена, а сите вработени се пратени дома.

„ЗНаеме дека вирусот може да преживее на студени средини доста долго“, вели Блумфилд.

Кина јаву дека на пакувања на увезени морски плодови откриени се корона вируси.