Новозаразени 72 со Ковид-19, пријавени двајца починати
Нови 72 случаи на Ковид-19 се регистрирани во последните 24 часа од направени 772 тестови. Од вкупниот број позитивни, осум се реинфекции.
Оздравени се 35 пациенти, нема починати во изминатотото деноноќие, а од Регистарот на умрени лица со дијагноза Ковид-19 од „Мој термин“ регистрирани се две починати лица од Скопје на 75-годишна возраст, кои починале во периодот од 5 до 9 јуни во болнички услови.
Министерството за здравство информира дека согласно податоците од Институтот за јавно здравје, од новозаразените 72, во Скопје се 40, седум во Охрид, шест во Тетово, четири во Куманово, три нови случаи имаат Кавадарци, Струмица и Кичево, два во Битола и по еден новозаразен во Прилеп, Велес, Гостивар и Кочани.
Од 35-те оздравени, 25 се од Скопје, по двајца од Тетово и Кочани и по еден оздравен од Куманово, Кавадарци, Кичево, Битола, Крива Паланка и Виница.
Од почетокот на епидемијата, бројот на Ковид-дијагностицирани во земјава изнесува 312.879 од направени 2 070 199 тестирања. Оздравеле 303.163, починале 9.322, а активни случаи има 394.