Новото училиште во Капиштец се вика „Киро Глигоров“


Фото: Б. Грданоски

На предлог на Министерството за образование и наука, Владата, на вчерашната седница усвои информација и даде позитивно мислење за основање на ново општинско основно училиште „Киро Глигоров“ во Општина Центар.

Првите генерации ученици новото училиште ќе ги прими во текот на претстојната учебна 2019/2020 година.

Инаку, ова е прво училиште што се изгради во Центар, по „J.X.Песталоци“ изградено во 1969 година, како донација на швајцарската Влада по катастрофалниот земјотрес. Иако со своите 12.000 жители е најголема населба во Центар, Капиштец немаше свое училиште.

Поради тоа, голем број деца се принудени да одат во училиштата што се наоѓаат далеку од населбата.
За да стигнат до најблиските училишта децата мораат да поминуваат повеќе сообраќајници, со што е загрозена нивната безбедност.

Со изградбата на новото основно училиште, конечно Капиштец доби своја модерна образовна установа за 500 ученици.