„Новости“: Тројца кандидати за наследник на Вучиќ на чело на СНС
Србија– Тројца кандидати во моментов влегуваат во игра како најсериозни наследници на Александар Вучиќ на чело на владеачката Српска напредна партија (СНС) – актуелната премиерка Ана Брнабиќ, министерот за внатрешни работи Небојша Стефановиќ и градоначалникот на Нови Сад и потпретседател на партијата Милош Вучевиќ, пишува денеска „Новости“.
На поширокиот список за нов шеф на СНС, како што се шпекулира во политичките кругови, засега се и Никола Селаковиќ, Марко Ѓуриќ и Јоргованка Табаковиќ, наведува весникот.
Не е исклучено во „фото-финишот“ за избор на ново раководство на СНС во трката да влезе уште некој од актуелните потпретседатели на партијата, како Миленка Јованова, пишува „Новости“.
Вучиќ и вчера повтори дека следната година некој друг ќе ја преземе СНС, бидејќи не планира да се кандидира на Изборото собрание на партијата, што треба да се оддржи во декември.