Новосаѓани згрозени: Непознат маж уринираше на свеќите и цвеќињата за жртвите од несреќата на Железничката станица

Граѓаните на Нови Сад беа шокирани и згрозени по инцидентот кога непознат маж осквернави свеќи и цвеќиња пред Железничката станица, кои беа поставени во чест на 16-те жртви од трагичниот настан кога уривањето на настрешницата резултираше со нивната смрт. Инцидентот се случил вчера попладне, кога, според сведоците, маж се приближил до местото пред станицата и започнал да мокри по свеќите и цвеќињата што граѓаните ги оставиле како знак на почит.
Тој чин го шокирал присутните, кои веднаш ги известиле надлежните органи. Видеото од настанот брзо се проширило на социјалните мрежи, а луѓето ги осудиле дејствијата на мажот, изразувајќи своја вознемиреност и гнев.
View this post on Instagram
Полициската управа во Нови Сад интензивно работи на идентификување на лицето кое во неделата на аголот на булеварот Ослободување и булеварот Јаша Томиќ го сквернавел местото каде граѓаните со месеци им оддаваат почит на загинатите во уривањето на настрешницата на Железничката станица во овој град“, се вели во соопштението.
Со оглед на тоа што снимката од настанот е објавена во медиумите и на социјалните мрежи, Министерството за внатрешни работи апелира до граѓаните кои го препознаваат мажот од снимката или имаат какви било информации за неговото место на живеење и движење, да се јават на 192 или да се обратат во најблиската полициска станица.
На 1 мај се навршија 6 месеци откако на 1 ноември минатата година се урна настрешницата на Железничката станица во Нови Сад, при што загинаа 16 лица, а едно беше тешко повредено.