Новороденче сосема голо оставено на улица во Топанско Поле


Во скопската населба ,,Топанско поле“, вчера околу пладне случаен минувач пронашол бебе – новороденче кое било сосема голо оставено во трева во паркче, по што случајот веднаш го пријавил во полиција.

Бебето со возило на брза помош било пренесено во Клиничкиот центар „Мајка Тереза“.

Од Клиниката информираат дека бебето е во добра општа состојба.

,,На Клиниката за детски болести вчера со возило на итна медицинска помош е донесено новородено најдено во една скопска населба. Се работи за машко новородено, со родилна тежина 2400 гр , згрижено е на одделот за неонатологија, неговата здравствена состојба е добра, превземени се сите неопходни мерки во вакви случаеви”, истакна докторката, Катарина Ставриќ.