Новопримените полицајци ќе му ја пејат “Заветна” на Тошкоски (ВИДЕО)


За промоцијата на новата генерација полицајци се подготвува изведба на „Заветна“ – неформална химна на владеачката ВМРО ДПМНЕ, пишува „Либертас“.

„Заветна“ ечеше на секој предизборен митинг на партијата на Мицкоски и практично сите прослави што ги организираат почнуваат со неа. Кога станува збор за полицијата сепак тоа е дефиниција за политизација, што е недозволиво во јавната администрација воопшто, а уште помалку во безбедносниот сервис.

Истата песна се изведуваше како химна и на новогодишниот концерт на воениот оркестар на АРМ на кој присуствуваше државниот врв и дипломатскиот кор, што од некои од гостите беше доживеано како скандал бидејќи политиката треба да се држи надвор од одбраната.

ВМРО-ДПМНЕ практично ја смени и коледарската песна во Македонија како покровител на повеќе Бадникови поворки на кои се пееше нешто што не е втемелено во македонската традиција. Практично општините раководени од ВМРО-ДПМНЕ ги организираа неформално овие поворки а сите учесници, во масовен број, беа опремени со жолти ѕвезди, што е традиција во католичките земји и во Грције пред се. Практично се покажа дека изминатите три години голем број ученици и деца во градинки се индоктринираат со овие нови ВМРО-идеологии како начин најверојатно да си го зголемат членството.   

 

Инаку, пред 33 години Пепи Бафтировски прв ја испеа и ја стави на носач на звук, но, автори на песната „Заветна“ се Миле Барбаровски (музика и аранжман) и Георги Барбаровски (текст).

А, еве како граѓаните реагираа на објавата на оваа вест:

„На смотра, на заклетва, на државна свеченост, на давање заклетва, се пее само ХИМНА и ништо друго!!  Песната е убава, ама присвоена од политичка партија пред избори (легитимно право), значи е политички компромитирана. Само химна и ништо повеќе или помалку!“
 
„Поголем срам не сум видел. Ужас?! Каква Европска унија со ваква простотија.Ги терате новите полицајци да пејат народни песни. Зар немате химна: Или, не ја знаат бидејќи повеќето се Албанци“ (Коментар на Бугарин)
 
Со Блаже Коневски како профилна слика не ви личи да бидете партиски пропагандисти, срамота!“
 
„Колку што знам химната треба да се испее. Ова е океј за во биртија, после 12 ракии“.
 
„Горди со Заветна, а најсиромашни во Европа! Поетични немаш појма колку!“
 
„Тешка идиотштина… Од каде па “Заветна” излезе химна на патриотизмот? Сигурно пола од тие таму построените не ја знаат цела државна химна“.
 
„Брука и срамота. Мо..ње на државата, на законите, на полицијата. Простаклак и манифестација на примитивизам од организаторот. Без чувство за официјалност и одговорност. Тешка мизерија“.
 
„Затоа што не ги бива да обезбедат подобар живот за граѓаните, па фејк патриотизам ќе ни продаваат“.
 
Ниту името на профилот, ниту сликата, не прилегаат на вакво примитивно толкување на патриотизам преку партиска злоупотреба на песна, при што не прилега ниту поводот, ниту жанрот (а најмногу целта)  на ова место. Срамотилаци“.
 
„А, химната ќе ја пеат? На кого даваат заклетв- на ВМРО или на државата? Пак ќе правите мвро вмро?“
 
„Ова е подргевање на национализам! Професионална полиција треба да штити граѓани , не само Македонци. Како се чувствува сега полицаец од албанска, турска, ромска националност на песнава кафанска, што не е химна. И, нели пеењето на химна беше патриотски чин. Туку толку разбираат!“