Новогодишно издание на „Преспав“: Јелена Јованова е главна (видео)


Легендарните „Преспавци“ ќе ве забавуваат и на новогодишната ноќ.

Епизодата „Преспав мјузик хол“ е закажана за 31. декември во 21 часот на МРТ1, веќе е објавен и трејлерот. Станува збор за песната српската пејачка Теа Таировиќ во изведба на Јелена од Драчево, улога која ја глуми познатата наша актерка Јелена Јованова. 

– Слушнете го најголемиот новогодишен хит и подгответе се за најлудата ноќ. Ајде, ајде дур сме млади! Ноќва нека гори Балкан!, се вели во објавата на „Преспавци“. 

Новите епизоди шестата сезона од популарната серија започнаа да се емитуваат од 20 декември на Македонската радио телевизија, од 20.15 часот. Серијата се емитуваат секој ден во назначениот термин.