Новогодишно или бедно украсено Скопје?
![](https://nezavisen.mk/wp-content/uploads/2022/12/luge-elka-vovce-na-plostad-1-bg_resize.jpg)
Градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска, вчера, преку социјалните медиуми, објави промотивно видео од украсувањето на Скопје за Нова година.
На плоштадот, ден по Свети Никола се постави елка, има и куќички за новогодишен базар, каде се продаваат топли напитоци, американски крофни, новогодишни чорапи и други украси. Пред некој ден се постави и рингишпил, а вчера и вовчето, кое децата ги вози низ украсениот плоштад.
На видеото се гледа како службите со специјални возила ги поставуваат украсите на високите бандери, а на крај, светнуваат светилките. Така спакувано, изгледа навистина новогодишно, нио како реагираат граѓаните на оваа објава:
![](https://nezavisen.mk/wp-content/uploads/2022/12/Elka-na-plostad-pred-nova-godina-1-bg_resize.jpg)
„Одлично и браво, вака ја личи една метропола“, се радува една граѓанка.
„Да не пишевте Скопје, ќе помислев дека ова е Париз. Секоја чест“, гласи еден од коментарите на објавата на Арсовска.
„Супер, почнува да се осеќа доаѓањето на новата година“, гласи друг коментар.
„Бедно, закаснето, пластично“, коментира незадоволен граѓанин.
![](https://nezavisen.mk/wp-content/uploads/2022/12/Elka-na-plostad-pred-nova-godina-8-bg_resize.jpg)
Украсувањето на центарот на Скопје почна пред неколку дена откако на плоштадот беа поставени голема елка, мини забавен парк и куќарки каде што ќе се продаваат новогодишни производи, но засега не е познато дали и каква програма ќе има за новогодишната ноќ.
Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска кажа дека ќе организираат прес-конференција на која ќе ја соопштат програмата за пречекот на Новата година, а веќе почнаа шпекулациите за тоа кој би можел да ги забавува граѓаните.
![](https://nezavisen.mk/wp-content/uploads/2022/12/Elka-na-plostad-pred-nova-godina-3-bg_resize.jpg)
Елена Ристеска е едно од имињата, но за тоа нема потврда.
Нема ни објаснување дали украсите повторно се изнајмени или пак Градот набавил како што лани инсистираше Арсовска, кога исто така доцнеше со украсувањето на Скопскиот плоштад и улиците, откако го раскина договорот со фирмата која требаше да ги изнајми и да ги постави украсите во централното градско подрачје.