Новогодишните куќички стигнаа на плоштадот, украсувањето никако


Фото: Б,. Грданоска

Денеска на плоѓтадот „Македонија“ стигнаа продажните куќички на кои за Нова година ќе се продаваат разни дрангулии, но информација за украсувањето и некаква новогодишна програма од Градот нема. 

Покрај куќичките, на плоштадот во центарот на Скопје се забележуваа и работници кои над неславната подна фонтана редеа дрвена платформа, која можеби ќе послужи како подиум за танцување или други содржини. Дали ќе пропаднат оние кои на неа ќе решат да застанат, останува да видиме. 

Повикот на Град Скопје за доделување финансиски средства за реализација на настанот „Новогодишен базар“ завршува на 6 декември.

Минатата недела градоначалничката Данела Арсовска, во одговор на новинарско прашање изјави дека во тек е постапката за украсување на градот, а неделава ќе има информации за украсувањето.