Новогодишни пакетчиња од Град Скопје за социјално ранливи категории деца


Со желба за многу среќа и здравје во 2021 година, Град Скопје додели пакетчиња за социјално ранливи категории деца од институции кои традиционално ги помага.

– Во пресрет на новогодишните празници, 250 деца добија новогодишни пакетчиња од Град Скопје. Сто пакетчиња им беа доделени на децата од Дневен центар за деца на улица, а 49 новогодишни пакетчиња на децата од мали групни домови „Ранка Милановиќ“, „25 Мај“ и „11 Октомври“, информира Град Скопје.

Дневниот центар за рехабилитација и ресоцијализација ХОПС доби 22 новогодишни пакетчиња за децата на корисниците на нивните услуги, „Во мојот свет“, Здружение на граѓани за третман на лица со аутизам добија 62 новогодишни пакетчиња, а Здружението „Љубезност“ – 17 пакетчиња.

– Градот Скопје и понатаму продолжува да вложува во иднината на сите граѓани и води активна социјална политика и секогаш одговара позитивно на потребите на социјално ранливите граѓани, информира Град Скопје.