Новогодишната турнеја „Четири скокалници“ почна со триумф на Гајгер


Актуелниот светски првак во скијачки скокови, Германецот Карл Гајгер, победи денеска во Оберсдордф, на првата етапа од новогодишната турнеја „Четири скокалници“.

Гајгер го освои првото место со скокови од 127 и 136,5 метри, освојувајќи 2.8 бодови повеќе од второпласираниот Камил Штох од Полска. Третото место го освои норвежанецот Мариус Линдвик.

На денешната прва етапа од турнејата „Четири скокалници“, претходеа проблеми поврзани со тестирањата за коронавирус на полската репрезентација.

Полјаците во понеделникот беа дисквалификувани, откако Клеменс Муранка беше позитивен на тестот за Ковид-19. Сепак, повторените тестирања на полскиот тим денеска донесоа негативни резултати, по што Полјаците се појавија на скокалницата во Оберсдорф, а резултатите од вчерашните квалификации беа поништени.