„Новогодишна поопштонародна“ : К-15 со ремикс на нивниот стар хит (видео)


Васко Тодоров, Бранко Огњановски и Бубо Каров, ликовите од хумористичната емисија „К-15“ ја честитаат Новата 2025 во нивен стил. Снимија песна која ја нарекоа „Новогодишна поопштонародна“, а е преработка на нивната стара песна „Новогодишна општонародна“.

Новата верзија ја направи продуцентот Александар Митевски, во чие студио е снимена, а спотот е во продукција на агенцијата „БДГ“.

За нешто повеќе од една недела, „К-15“ ја распродадоа арената „Борис Трајковски“ каде што на 16 мај следната година, триото од популарната хумористична емисија со шоу ќе прослави 30-годишен јубилеј.

Билетите започнаа да се продаваат на 15 декември, на платформата „Купи карта“. Огњановски, Тодоров и Каров од платформата добија награда за најбрзо распродаден настан.

Првата епизода на „К-15“ се емитуваше на 23 ноември 1994 на тогашната телевизија „А1“.