Ново жариште во Италија, се обвинува маж од Косово


 

Во италијанскиот регион Трентино-Алто Адиџе утврдено е ново жариште на корона вирусот по враќањето на еден маж кој бил во посета на роднините во Косово.

Тој организирал собир, по што заразени се осум чица, пренесоа локалните медиуми.

„Нултиот пациент“ на новото жариште во трентионо не само што не ги почитувал мерките за 14-дневен карантин, туку организирал и журка на 21 јуни на која повикал повеќе од 20 луше од локалната заедница луѓе по потекло од Косово, наведува Today.it.

Како што се додава, здравствената состојба на мажот се влошила на 24 јуни поради што е пренесен во болница.