Ново разрешување, „падна“ и организацискиот директор на Универзитетската клиника за детски болести


 Министерот за здравство Беким Сали денеска го разреши од функцијата организацискиот директор на Универзитетската клиника за детски болести, Аљајдин Мемеди, информираат од Министерството за здравство.

– Организацискиот директор на оваа Клиника се разрешува од функцијата пред истекот на времето за кое е именуван, поради утврдени нерегуларности во извештајот од извршената контрола на работењето на оваа Клиника. Контролата е спроведена од Фондот за здравствено осигурување, се вели во соопштението од МЗ.

Претходно денеска министерството за здравство соопшти дека по барање од министерот Сали поднесени се оставки и од директорите на две универзитетски клиники – Клиниката за детски болести  и Клиниката за радиотерапија и онкологија.