Ново детско игралиште во Ново Лисиче

Општина Аеродром изгради уште едно детско игралиште во Ново Лисиче. И ова, како и сите претходно изградени нови и реконструирани детски игралишта, има современи и реквизити што ја развива детската фантазија, а што е уште поважно, тоа е обложено со лиена гумена подлога, која ги задоволува сите современи светски стандарди за безбедна игра на дечињата.
„Дечињата заслужуваат најдобри услови за безбедна и безгрижна игра. Општина Аеродром инвестира во подобра иднина за сите“, изјави градоначалникот Златко Марин.