Ново чудо на архитектурата: Се отвори Националниот музеј на Катар

„Тоа не е сосема лудо. Само изгледа лудо“, вели Жан Нувел, францускиот архитект и добитник на Прицкеровата награда кога го опишува системот што го користел за изградба на Националниот музеј на Катар. Изработен од 250.000 различни елементи од армирано стаклено влакно, фиксирани на челична рамка во заоблени делови, зградата се шири како расфрлани преклопени ливчиња на работ од Персискиот Залив.

Националниот музеј на Катар (NmoQ), се наоѓа од спротивната страна на Корниш во катарскиот главен град Доха и се отвори за јавноста вчера, во присуство на светскиот џет-сет. Музејот е изграден околу оригиналната палата на поранешниот емир на Катар, шеикот Абдула бин Јасим ал Тани, една од најпрепознатливите знаменитости во Доха. Како споменик на историскиот начин на живот на Катар, палатата неодамна беше целосно обновена и претставува централна изложба заедно со новиот музеј што го продолжува дијалогот меѓу минатото и иднината.

Централно место во процесот на проектирање на музејот била желбата да се направи посетителот да се чувствува потопен во пустината и во морето зајакнувајќи го влијанието на историските номадски артефакти на екранот.

„Ова е архитектура создадена од самата пустина”, објаснува Нувел. „Таа е работа на ветрот и на песок со милениуми“.

Националниот музеј од 560.000 квадратни метри има 11 галерии кои ја раскажуваат историја на Катар. Музејот ја истакнува геолошката формација на регионот, природните живеалишта, бедуинската култура и раните крајбрежни населби и нивната трговија со бисери.

Поставката, исто така, го прикажува обединувањето на Катар под семејството Ал Тани и откривањето на нафтата и природниот гас во 20 век, кои поттикнаа модерна економија и една од земјите со највисоки приходи по глава на жител во светот. Но како изгледаат галериите внатре досега беше мистерија која денес ќе се открие.

Дизајнерката Викторија Бекам (44) и топ-моделот Наоми Кембел (48) беа на отворањето и го збогатија со својот бел изглед.