Новиот „Спајдермен“ е прв филм кој во пандемија заработи 1 милијарда долари


САД- Најновиот од серијалот за херојот човек-пајак е првиот филм кој ја надмина границата од 1 милијарда долари на светскиот боксофис и моментално е филм со најголема заработка во франшизата со глобална продажба на билети од 1,132 милијарди долари, според „Комскор“.

Последен филм што заработил повеќе од 1 милијарда долари е „Војна на ѕвездите: Подемот на Скајвокер“ од 2019 година, според компанијата за анализа на медиумски податоци.

Ниту една друга холивудска продукција не се приближи до таа пресвртница на киноблагајните од почетокот на пандемијата пред две години.

Во текот на викендот, глобалните приходи од киноблагајните за најновиот филм на „Марвел“ и „Сони“достигнаа 1,05 милијарди долари.

„Човек-пајак: Далеку од дома“ или Spider-Man: No Way Home, исто така, ја понесе титулата филм со најголема заработка во 2021 година.

Серијалот е соработка помеѓу Дизниевиот „Марвел“ и „Сони“.

Во 2015 година, „Марвел студиос“ на „Дизни“ и „Сони“ се согласија да ги споделат филмските права за „Спајдермен“, што доведе до воведување на нова итерација на ликот, воведена и интегрирана во филмскиот универзум на Марвел.

Пред рекордот на „Далеку од дома“, новиот филм за Џејмс Бонд „Не е време за умирање“, кој заработи 774 милиони долари на киноблагајните во светски рамки, важеше за холивудски филм со најголема заработка и во 2021 година и во ерата на пандемија.