Новиот истанбулски аеродром почна да опслужува летови


Новоизградениот истанбулски аеродром во саботата со таканаречен „мегапотег“ почна да опслужува меѓународни и домашни летови по селидбата од аеродромот „Ататурк“ која почна во петокот.
Турскиот државен авиопревозник „Turkish Airlines“ го изведе првиот лет кон престолнината Анкара, од новиот аеродром во 14 часот по локално време.
„Денеска во нашиот нов дом ја отвораме вратата кон нова авантура и го покренуваме првиот лет кон нашата престолнина“, изјави Илкер Ајци, директор на „Turkish Airlines“.
Првата фаза на аеродромот со годишен капацитет од 90 милиони патници официјално е отворена во октомври лани.
Со полн капацитет од 200 милиони патници – со довршување на сите четири фази со шест писти до 2028 година – истанбулскиот аеродром ќе стане глобално средиште на воздушниот сообраќај со повеќе од 350 дестинации ширум светот.
По довршувањето на работите, аеродромот ќе биде на услуга за 250 авиокомпании со капацитет од 2.000 полетувања и слетувања секој ден, пренесе агенцијата „Анадолија“.