Новиот хрватски министер за одбрана уште е студент


Иван Анушиќ

 

„Моето образование одеше вака. Го напуштив средното училиште на 17 години и отидов во војна. Кога првпат се вратив од теренот, во 1993 година, завршив гимназија за да не ме прозиваат луѓе како вие. После тоа, во 1997 година, подигнав кредит од 18.000 куни на чекови, ги платив семестрите на Кинезиолошкиот факултет во Загреб, а пред една година добив статус „дипломец“. Тоа е моето образование“.

Вака новиот министер за одбрана на Хрватска, Иван Анушиќ (50), им објаснуваше минатата недела на пратениците, откако тие го прозваа поради необразованието.

Но од неговиите одговори не се знаеше точно дали тој уште студира или е завршен студент. Па, „Јутарњи лист“ прашаво  Кинезиолошкиот факултет во Загреб кога и на кое ниво ги завршил студиите Иван Анушиќ.

Покрај тоа што во одговорот на деканатот е наведено дека Анушиќ додипломските стручни студии за едукативен тренер ги завршил во 2021 година, што значи дека министерот во Собранието очигледно направил грешка со тоа што ја навел 2022 во контекст на завршувањето на студиите, туку се донзанава и нешто што тој го криеше. „Јутарњи лист“ од управата на Кинезиолошки факултет дозна дека новиот министер за одбрана на Хрватска сѐ уште е студент. Како што изјавели од факултетот, Анушиќ моментално е запишан на стручни дипломски студии за едукативен тренер.

Анушиќ пред пратениците рече: „Не е образованието она што го прави човекот добар. Тоа се неговите човечки квалитети“.