Новиот американски бомбардер е како вселенски брод
„Б-21 рејдер“ го направи својот прв пробен лет во петокот, а сега овој футуристички воен авион е чекор поблиску до тоа да стане следниот американски стелт бомбардер со нуклеарно оружје, пишува Defence News.
Пробниот лет беше во Палмдејл, Калифорнија, каде што беше развиен и тестиран од „Нортроп Груман“.
Военото воздухопловство на САД планира да изработи 100 вакви воени авиони, кои имаат форма на крила слична на претходникот „Б-2 спирит“, но ќе вклучуваат и некои напредни материјали, погон и т.н. „стелт“ технологија, која ќе им даде голема предност во идна, евентуална битка. Планот е вакви авиони да се произведуваат во верзии со и без пилоти.
„’Б-21 рејдер’ е во фаза на тестирање“, рече портпаролката на воздухопловните сили Ен Стефанек.
Ваквото тестирање е клучен чекор во напорите да се обезбеди „далечен и опстанок продорен удар за да се одврати агресијата и стратешките напади против САД, сојузниците и партнерите“, рече Стефанек.
„Б-21 рајдер“ е првиот нов американски бомбардер по повеќе од 30 години и речиси секој аспект од програмата е таен. „Нортроп Груман“ и воздухопловните сили на САД направија сѐ за да ги заштитат деталите од програмата за да ја спречат Кина да добие пристап до технологијата на оружје и да изгради слична верзија, како што направи со некои други напредни американски авиони како што е „Ф-35“.
Пентагон го разви Б-21 како дел од напорите за модернизација на сите три дела од својата нуклеарна тријада, која вклучува и нуклеарни балистички ракети и боеви глави лансирани од подморници, и инвестира во ново оружје за да го задржи чекорот со брзата воена модернизација на Кина.
Еве го пробниот лет на „Б-21 рејдер“:
B-21 RAIDER FIRST FLIGHT 11-10-23 #RAIDER33 #B21Raider pic.twitter.com/3tEKudqDiw
— Matt Hartman (@ShorealoneFilms) November 10, 2023