Новиот алгоритам на Гугл го носи истражувачкото новинарство на врвот

 

Најпопуларниот пребарувач на интернет – Гугл, го смени својот алгоритам за пребарување, поради што наскоро треба да се видат резултатите од системот кој оригиналното известување ќе го стави на прво место.

Имено, тоа значи дека во иднина, кога ќе отвориме Гугл вести, на првите позиции веќе нема да бидат оние најкликаните и популарни вести, туку оригинални вести настанати од истражувачка новинарска работа.

„Во денешно време на забрзани светски вести, оригиналното известување за некој тема не останува долго на врвот“, напиша на својот блог потпретседателот на Гугл за вести Ричард Џинџерс.

компанијата ќе даде насоки за своите оценувачи – повеќе од 10.000 луѓе кои ја оценуваат работата на пребарувачот.

„За да се валидираат нашите алгоритми и да му се помогне на нашиот систем да го сфати авторитетот на некои страници, имаме повеќе од 10.000 оценувачи од целиот свет кои ја проценуваат нашата работа. Нивната повратна информација не ја менува листата на резултатите кои ги оценуваат. Место тоа, нивните повратни информации се користат за евалуација и подобрување на алгоритмот на начин кој е применлив на сите резултати“, додава Џинџерс.

Гугл вестите до сега на самиот врв ги исфрлаше оние кои се неодамнешни, за кои повеќето корисници не се интересираа.

„Со давање подобар пристап на оригиналното новинарство за сите видови приказни – од филм, спорт, музика и светот на познатите, па се до сериозното новинарство зад движењето #MeToo, кризата со опијатите и „Панамските документи“, тоа ќе има помогне на луѓето да бидат подобро информирани за вестите кои нешто им значат“, заклучува Џинџерс.