Новинар на МРТВ нападнат на работното место


Новинарот, вработен во македонската државна телевизија, Реџеп Ќамили, на неговиот профил на Фејсбук тврди дека е физички нападнат на работното место, од страна на неговиот колега, Авни Ќаили. Ќамили повикал и полиција. Најави дека постапката ќе ја тера до крај, односно се додека лицето за кое тврди дека го нападнало, не одговара согласно законите. Тој тврди дека бил нападнат и порано.