Нови строги правила: Црвен картон за намерно кашлање во противникот


 

Стравот од корона вирусот е сеприсутен, па и во фудбалот. Затоа Англичаните донесоа нови правила кои се однесуваат на однесувањето на фудбалерите на терен.

Така судиите, според новите правила на Фудбалскиот сојуз на Англија, ќе покажат директен црвен картон кон играчот што намерно ќе се искашла во противнички играч или судија, јави The Times.

Имено, таквото однесување ќе се смета за сериозен прекршок, и врз основа на тоа 12 -то правило судијата ќе може да исфрли играч од терен. По тоа правило се казнуваат и за „навредливи зборови и гестикулација“.

Но, тука не е крајот на неволјите на играчот кој ќе се искашла во лицето на друг играч, туку тоа има последици и според криминалните прекршоци во Велика Британија, оа и полицијата и судството може да се вмешаат.

Според новите правила, не е дозволено ни групно славење на погодиците, како и плукање на терен.

Правилата се однесувата на сите нивоа на фудбал во Англија, а ќе дебитираат утре навечер во финалето од плејофот за влез во Премиершипот, каде се се среќаваат Фулам и Брентфорд.